Време е за дерби: Може ли Еурофарм Пелистер на Шундовски да го освои Скопје

Ракометарите на Вардар и Еурофарм Пелистер денеска во Скопје ќе го одиграат првото вечно дерби во сезоната како дел од 5. коло од плеј-оф сегментот во машката Суперлига.

Вардарци минатата сезона успеаја да го добијат големиот ривал и во домашното првенство, но и во националниот куп откако во трилер-меч славеа на Ф4 турнирот кој се играше во Кавадарци.

Во единствениот натпревар кој го одиграа сезонава во Суперкупот кој се одигра во „Билјанини извори“ во Охрид „пелистерци“ славеа со минимални 23-22. Сепак, од тогаш многу работи се променија во двата клуба, а посебно кај битолчани. По катастрофалната есен во Лигата на Европа и елиминацијата во ова натпреварување битолчани решија да се разделат од Ларс Валтер и на негово место да дојде познато битолско лице во името на Звонкo Шундовски.

Двата тима имаат по 15 бодови во досегашниот дел од плеј-офот и дефинитивно денеска ниту еден од двата клуба нема да може да стигне до титулата, но овој меч може да ни покаже во кој правец ќе се движи завршницата од македонскиот шампионат, но и купот.

Натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан за во 18 часот.

 

Се вчитува...