По денешниот натпревар помеѓу Партизан и Таран Прешов во кој српскиот тим издови пирова победа од 36-35 познати се четвртфиналните парови во СЕХА лигата.
Последниот резултат е во полза за Вардар кој групната фаза ја завршува на втората позиција на табелата со што избегна средба против фаворизираниот Веспрем и за противник ќе ја има екипата на Војводина. Еурофарл Пелистер пак разигрувањето за титула го започнува против Татран Прешов.
Во останатите четвртфинални парови силите ќе си ги одмерат Нексе и Загреб, односно Веспрем и Партизан.
Плеј-офот на СЕХА лигата започнува на почеток на месец април, а македонските тимови првите натпревари ќе ги одиграат на домашен терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА