Големите инциденти што го одбележаа вечното дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се уште се главна тема на домашната спортска сцена.
Во меѓувреме, по социјалните мрежи се појави и ново видео во кое јасно се гледа како вардаровата икона Стојанче Стоилов влегува во конфликт со сопствените навивачи, бесен поради нивното влегување на терен. Стоилов влезе во „клинч“ со еден комита, кој дефинитивно го извлече подебелиот крај.
Стојанче Стоилов, Борко Ристовски и останатите ракометари на Вардар дефинитивно се меѓу најзаслужните што хаосот на теренот не кулминираше и ситуацијата се среди, по што вечното дерби беше доиграно.
Во секој случај, и двата клуба ги очекува казна за настанатиот хаос од двете навивачки групи, а санкциите се очекува да бидат изречени следната седмица, откако Вардар и Еурофарм Пелистер добија рок од седум дена за писмено да се произнесат и да дадат свои аргументи пред конечната одлука на Дисциплинската комисија.
Столе на Хулиганот од АлиЕкпрес му ја заврши предвреме кариерата .
И поќе да не слушнам некој битолчанец да го навреди играчот со број 5. pic.twitter.com/B0HkTzV1H7— 🍀₱Ø₭ł🍀 (@Drakaryyys) March 30, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА