Благојче Трајковски беше херојот на Алкалоид на вечерашниот триумф над Вардар, прв за „сино-белите“ од Автокоманда во клупската историја.
Искусниот голман блескаше во првото полувреме кога се „билдаше“ предноста на домаќините, а потоа беше најдобар и кога беше најважно, со два одбранети удари на Филип Талески во завршните минути со кои го трасираше патот до победата.
Трајковски го заврши мечот со вкупно 14 успешни интервенции, а 36-годишниот ветеран по мечот не можеше да ги сокрие солзите радосници, по една од најголемите победи во кариерата…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА