Ракометарите на Вардар се на само еден формален чекор од Ф4 турнирот во СЕХА лигата откако во првиот натпревар од четвртфиналето убедливо во „Јане Сандански“ славеа против новосадска Војводина со 38-25.
„Вардарци“ целосно доминираа на мечот против Војводина која со подмладен состав допатува во Скопје, без никакви амбиции за борба за влез во полуфиналето на СЕХА лигата.
Сето тоа овозможи само полесен тренинг натпревар за црвено-црните кои убедливата победа ја најавија уште во првото полувреме добивајќи го со 22-11. Во второто полувреме само рутински се зголемуваше предноста за конечни 38-25.
Најефикасни кај Вардар беа Јан Чувара со 10 гола и Куни Моралес со 8 погодоци, пет гола запишаЛеонардо Дутра Фереиера а со четири погодоци мечот го заврши Филип Талески. Гогов го заврши натпреварот со 10 одбрани. Кај Војводина се издвои Симо Сијан со 10 погодоци.
Реваншот меѓу двете екипи во Нови Сад се игра на 11. април, но јасно е дека ќе биде само формалност за Вардар на патот кон Ф4 турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА