Пролет со благодарници за Аларов и за Јагуриновски (фото)

Раководството на РК Пролет го искористи дуелот со шампионот Вардар за да им додели специјални благодарници на Михаил Аларов и на Томи Јагуриновски, кои пред неколку месеци од Пролет направија трансфери во редовите на Вардар.

Аларов е „дете на Тинекс Пролет“, тој професионална кариера ја почна во овој клуб, преку кој се избори и за место во македонската репрезентација. Јагуриновски дојде во Пролет на почетокот од сезонава и се наметна како еден од лидерите на тимот, како на теренот, така и надвор од него.

 

Се вчитува...