ЕКИПА во Манчестер,
Владимир Булатовиќ
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа вистински дебакл вечерва на „Олд трафорд“, понижена и декласирана од Англија со 7-0 како никогаш досега од ниту еден противник.
Букајо Сака на овој натпревар постигна три гола, а по неговото завршување изјави дека ова била посебна вечер за него.
„Не можам да ви опишам како се чувствувам и колку сум среќен. Првиот гол ми се допадна, ама вториот… Тој е мој најубав! Волеј надвор од шеснаестникот. Вечерва беше навистина посебна, јас и Рашфорд на крила, бевме така директни, а тие не можеа да се справат со нас. Ова беше исклучително напорна сезона, имаше и позитивни и негативни моменти, но не можеше да заврши на поубав начин“, рече Сака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА