Шкендија замина за Словенија – Четири контроли со кои ќе се темпира формата за Конференциската лига

Екипата на Шкендија отпатува за Словенија каде ќе ја продолжи подготвителната фаза со четири контролни натпревари.

Тетовци се подготвени за втората фаза од подготовките пред учеството во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА. Почнувајќи од денеска, до 4. јули, Шкендија ќе престојува во Рогла, Словенија, каде се очекува стручниот штаб и фудбалерите да ја завршат главната фаза од подготовките.

Паралелно со физичкиот дел, акцентот сега се префрла на техничко-тактичкиот аспект, каде преку контролните натпревари ќе се бара формирање и пронаоѓање на идеалната форма пред европските натпревари.

Контролни натпревари:

Шкендија-ФК Петролул Плоешти (Романија) (22.06.2023)

Шкендија- ФК ​​Рогашка (Словенија) (26.06.2023)

Шкендија-ФК Сараево (Босна и Херцеговина) (30.06.2023)

Шкендија-ХНК Горица (Хрватска) (07.04.2023)

Се вчитува...