Барди нема да менува клуб: Ветувам напорна работа за Трабзонспор да постигне успех

И додека траат шпекулациите за негово заминување од Трабзонспор, македонскиот репрезентативец Енис Барди има сосема поинакви планови. Играчот од средниот ред се огласи на социјалните мрежи, ветувајќи дека напорно ќе работи за екипата да постигнува успеси во иднина.

Се шпекулира дека Трабзон ќе бара 4,5 милиони евра за Барди, сепак, Македонецот засега не размислува за заминување од поранешниот шампион на Турција.

„Ветувам дека ќе работам напорно за еден голем клуб како Трабзонспор да постигне успех. Би сакал да им се заблагодарам на навивачите за поддршката оваа сезона. Минавме една многу тешка сезона за сите нас, особено за мене. Давав се од себе од денот кога дојдов во Трабзонспор. Сонувам за освојување на многу првенства и многу Купови заедно со нашите навивачи. Имајте убав ден!“, напиша Барди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BARDHI (@enisbardhi10)

Се вчитува...