Милан Ристовски пред трансфер во Ханза Рошток

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски е пред трансфер во германскиот второлигаш Ханза Рошток.

Спортскиот директор на Ханза, Кристијан Волтер во изјава за медиумите во Германија информира дека Милан Ристовски е на врвот на листата со желби за тимот во летниот преоден рок, и дека разговорите со понуда до словачка Спартак Трнава веќе се почнати.

За Ханза Рошток во минатото, во периодот од 1996 до 1998 година, во германската Бундеслига настапуваше и поранешниот македонски репрезентативец Тони Мицевски.

Ристовски од јуни 2021 година е во редовите на Спартак Трнава каде на 58 натпревари има и 11 постигнати погодоци. Претходно во кариерата настапуваше и за Работнички, хрватска Ријека и словачка Нитра.

Се вчитува...