Македонскиот репрезентативец Владица Брдаровски е пред можност за продолжување на кариерата во редовите на шампионот Струга ТЛ.
Како што дознава ЕКИПА, Брдаровски по завршувањето на договорот со Шкупи, е интерес на стружани кои се веќе во преговори за ангажман на десниот бек.
Брдаровски претходно во својата кариера има настапи за Пелистер, Работнички и Вардар во македонскиот шампионат, како и за косовска Дрита, унгарски Ѓер и чешкиот прволигаш Брно. Досега во својата кариера има и осум настапи за сениорската репрезентација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА