Работнички за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига се засилува со досегашниот фудбалер на Македонија ЃП, Есми Личина.
25-годишниот централен дефанзивец е пред официјален договор со „романтичарите“ за кои се очекува да настапува следната сезона, откако претходно го заврши договорот со Македонија ЃП.
Личина фудбалски потекнува од Вардар, а досега во кариерата има настапи и за екипата на Скопје, од каде во 2019 се пресели во Македонија ЃП. По четири сезони меѓу „лавовите“ се е пред промоција во Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА