Академија Пандев потпиша со Наумчевски

Академија Пандев се активираше на фудбалскиот пазар ангажирајќи го првото засилување за наредната натпреварувачка сезона. Станува збор за Стефан Наумчевски, дефанзивен играч за врска кој доаѓа во струмичкиот прволигаш од редовите на Тиквеш.

Овој 23-годишен фудбалер беше желба на уште неколку македонски клубови, но на крајот ја избра Академија Пандев за следна дестинација во кариерата.

Наумчевски, кој претходно беше дел од младинските репрезентации на Македонија, во кариерата пред Тиквеш има настапувано и за екипите на Вардар, Металург и на Победа.

Се вчитува...