Македонскиот фудбалски прволигаш Тиквеш продолжува со составување на тимот за следната сезона во Првата лига.
Кавадарчани потврдија дека го продолжија договорот со Глигор Дончев на уште една година. 25-годишниот Дончев покрај за Тиквеш во кариерата настапуваше и за: Академија Пандев, Хоризонт Турново, Осогово, САСА и Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА