Екипата на Шкендија забележа победа на првиот контролен дуел на подготовките во Словенија. Тетовската екипа го совлада тимот на Петролул Плоешти.
Во победата од 3-2, Чинари постигна два гола, а еден беше дело на Милев. Интересно е тоа што овој резултат беше актуелен и по првиот дел, додека по петте гола во вториот дел мрежите мируваа.
Следната контрола на „црвено-црните“ е против Рогашка на 26. јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА