Шведски тим го бара Енис Барди

И покрај тоа што пред некој со статус на социјалните мрежи, Енис Барди најави останување во Трабзонспор, сепак, веројатно македонскиот репрезентативец ова лето ќе има нов клуб. Фудбалерот од средниот ред има понуди од САД, Шпанија, а најновата е од Шведска и тоа од тимот на АЕК Стокхолм.

АЕК доби нов главен скаут кој што е „растрчан“ по нови играчи, за клубот да се спаси од најлошото со оглед дека сосема неочекувано, се најде на претпоследното место на табелата. Меѓутоа од тимот се убедени дека ќе се спасат со неколку засилувања, меѓу кои е и Енис Барди.

„Имам контакти и познавам многу луѓе“, рече новиот скаут на АИК, Фредерик Висур Хансен а според шведските медиуми прв „пик“ за овој човек е токму играчот на Трабзонспор.

Со оглед дека турскиот тим бара за него 4,5 милиони евра, не е исклучена можноста на позајмица во Шведска, каде што Барди сигурно би имал поголема минутажа од онаа која ја има во Трабзон.

Се вчитува...