Црногорецот Никола Стијеповиќ е најновото засилување на Воска спорт.
Стипејовиќ, кој игра на левокрилната офанзивна позиција, денеска потпиша двегодишен договор со тимот од Охрид.
Претходно во кариерата играл за Кастриот од Албанија, Торпедо Кутаиси од Грузија, а во Воска спорт доаѓа од Сутјеска од Никшиќ, каде изминатава сезона одигра 33 првенствени натпревари, како и четири на европската сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА