Ристo Јанков пред трансфер во Гостивар

Поранешниот македонски репрезентативец Ристo Јанков, е пред „кам-бек“ во македонскиот фудбал. Како што дознава ЕКИПА, Јанков е блиску да потпише со амбициозниот нов прволигаш Гостивар, и да брани за овој тим во идната сезона.

Јанков во изминатите година и пол имаше интернационална кариера, најпрво во Каспиј од Казахстан, а минатата сезона ја мина во Поли Јаши, со кој успеа да обезбеди учество во најдобрата лига на Романија.

Јанков во минатото беше поврзуван и со голот на Шкупи, меѓутоа до тој трансфер не дојде, а чаирскиот тим се одлучи за младинскиот репрезентативец Христијан Денковски. Меѓутоа преговорите со Гостивар се во напредна фаза, и големи се шансите новиот прволигаш да добие звучно име меѓу диреците.

Голманот беше дел од националниот тим на Македонија на ЕП 2020 година, како трет голман на екипата.

Се вчитува...