Алекса Марушиќ е ново име во новиот прволигаш Воска Спорт. Тој доаѓа од тимот на Дечич, а во минатото има настапувано за Сутјеска, со кого има освоено три шампионски трофеи.
Марушиќ игра како офанзивно крило и напаѓач, и потпиша двегодишен договор со тимот на Воска. Марушиќ има настапувано и за српскиот тим Младост Лучани.
Новото име на Воска Спорт има настапувано за помладите селекции на Црна Гора. Тој е второто име од оваа земја во Воска Спорт. Претходно екипата потпиша со Никола Стијеповиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА