Првата контрола на подготовките во Словенија, екипата на Македонија ЃП ја заврши со пораз од Марибор со 3-1. Во меч одигран во Мартјанце, сите четири гола паднаа во првиот дел од средбата.
Брниќ во 8. минута донесе предност за Марибор по една добра акција. Во 35. минута искусниот Судани постигна убав погодок откако шутираше прецизно под пречката. Басит во 38. минута успеа да намали со шут одкосо од десно. Веднаш потоа Басит имаше шанса и да израмни, но не ја реализираше, а во 45. минута Милец постигна убав гол со удар од 18 метри и го совлада Стевковски.
Во вториот дел главно шанси имаше Марибор преку Таварез, Рафиу и Лаушиќ, но најпрво двата удари ги одбрани голманот на „лавовите“, а третиот шут завршил во стативата.
Инаку почетокот на дуелот беше одложен за еден час, поради силен дожд и натопен терен на ова место во Словенија. Беше променето и местото на одигрување, па наместо во Горња Радгона, дуелот беше одигран во Мартјанце.
ФОТО: ФК Марибор
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА