Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во членот на Втората германска Бундеслига, Падерборн.
Муслиу е пред договор за трансфер од Ингелштад во Падерборн, кој се очекува да се официјализира во текот на следната недела.
28-годишниот Муслиу, кој потекнува од школата на Гостивар, претходно во својата кариера има настапи и за Ренова, Вардар и Шкендија во македонското првенство, како и за МОЛ Фехервар во унгарскиот шампионат од каде во јануари 2022 година се пресели во Ингелштад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

