Миле Тодоров е најновото име во Тиквеш за новата сезона

Фудбалерот од средниот ред Миле Тодоров е најновото засилување за Тиквеш за новата натпреварувачка сезона.

23-годишниот Тодоров денеска официјално промовиран во редовите на кавадаречкиот прволигаш потпишувајќи едногодишен договор.

Тодоров, кој потекнува од фудбалската школа на Работнички, во Тиквеш доаѓа од Скопје каде ја мина изминатава полусезона. Претходно во својата кариера настапуваше и за прилепска Победа, хрватските Новигрод и Осијек како и Радник Бјелина во БиХ.

Се вчитува...