Уште еден „бисер“ на ФК Работнички кариерата ја продолжува во странство, откако македонскиот прволигаш ги договори сите детали за трансферот на Фета Фетаи во хрватскиот клуб Локомотива Загреб.
Двата клуба ги договорија деталите околу трансферот на младинскиот репрезентативец на Македонија., а фудбалерот во наредните денови ќе ги мине лекарските прегледи, по што ќе следи и официјална промоција во хрватскиот прволигаш.
„Со задоволство можеме да потврдиме дека Работнички продолжува во духот на она што е негова главна клупска карактеристика, да промовира млади и талентирани фудбалери кои добиваат шанса за брз излез на интернационална сцена. 18 – годишниот играч за врска Фета Фетаи, кој минатата сезона доби шанса во сениорскиот тим на Работнички и блесна со целиот свој потенцијал, ќе ја продолжи кариерата во хрватскиот прволигаш Локомотива Загреб. Двата клуба ги договорија деталите околу трансферот, а фудбалерот ќе замине на лекарски прегледи, по што ќе следи и официјалната промоција“, изјави претседателот на клубот, Драган Поповски.
Минатата сезона Фета Фетаи одигра 13 натпревари во дресот на Работнички во првенството на Македонија или вкупно 433 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА