Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски повторно се врати во Ал-Ахли по едногодишната позајмица во Фенербахче.
Пред две години Џани не беше многу задоволен со трансферот во Саудиска Арабија, но сега очигледно ситуацијата е многу поразлична ако се знае дека голем број ѕвезди ја „нападнаа“ оваа земја.
Сега во Ал Ахли, Алиоски е со голем број ѕвезди од Премиерлигата. Негови нови соиграчи се Роберто Фирмино, Ријад Махрез, Едуард Менди, а друштвото на странски засилувања го заокружува Ријад Будебу. Тимот доби и нов тренер, Матијас Џасл, кој досега го предводеше Салцбург.
🚨 This image leaves us speechless. 😳🇸🇦
(📸 @ALAHLI_FC) pic.twitter.com/0AKXpNsTJU
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 28, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА