Бојан Миовски има причина за задоволство отако македонскиот репрезентативец ги остави зад себе проблемите со незгодната повреда на скочниот зглоб и попладнево го постигна својот прв гол за Абердин во овие летни подготовки.
Абердин му гостуваше на поранешниот англиски премиерлигаш Чарлтон, а Македонецот се најде во стартниот тим, успевајќи и да се запише во листата на стрелци откако одлично се снајде по еден центаршут од десната страна и со удар ниско по земја го матираше голманот на Чарлтон. Тоа беше гол за водство од Абердин од 0-3, Чарлтон во вториот дел успеа да се приближи, но Миовски и соиграчите сепак на крајот славеа со 2-3.
Ова беше последен контролен меч за Абердин, кој наредниот викенд го очекува старт на новата сезона во шкотската Премиер-лига, во која токму Миовски ќе биде еден од главните адути на својот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА