Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев доживеа уште една поведа поради која ќе мора да замине на операција. Станува збор за оштетени тетива и лигаменти на лактот, повреда која ќе го оддалечи од теренот на подолго време и за него сезоната е завршена.
Македонецот кој ги брани боите на финскиот ХЈК Хелсинки оваа инфорамција ја сподели на социјаните мрежи пишувајќи дека ќе даде се од себе за одново да го надмине тешкиот момент и да се врати уште посилен.
„На нашиот последен натпревар се здобив со повреда на лактот. За жал, ќе морам да одам на операција за санирање на оштетените тетивата и лигаментите. Оваа повреда ќе ме натера да ги пропуштам сите наши натпревари до крајот на сезоната. Ќе го дадам максимумот за да се вратам посилен по уште еден тежок момент во мојата кариера“, напиша Илиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА