Давор Здравковски реши да си замине од Кипар по шесте години минати во АЕЛ Лимасол, а за нов предизвик во кариерата 25-годишниот македонски фудбалер ја избра Шкотска, потпишувајќи договор со тимот на Мадервел.
Во интервју за шкотските медиуми тој обелодени дека пред комплетирањето на трансферот побарал совет и од Бојан Миовски, од кого слушнал само позитивни работи за шкотската Премиер-лига.
„Се познавам со Миовски бидејќи заедно настапувавме за малдинските селекции во Македонија. Разговаравме и ми објасни некои работи за животот во земјата, за специфичностите на лигата, работи што е добро да ги знаеш кога се селиш во нова држава. Тој ми кажа само убави работи за Шкотска и уште повеќе ми ја олесни одлуката – да дојдам во Мадервил. Знам дека ова е сериозен предизвик за мене, бев шест години на Кипар и имав бројни понуди да останам, во истата или во други екипи. Сепак, јас сум човек што сака предизвици и затоа решив да дојдам во Мадервил, максимално сум мотивиран за се она што ме очекува“, изјави Здравковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

