Македонскиот репрезентативец, Димитар Митровски игра во одлична гол-форма на стартот од новата сезона во шампионатот на Хрватска.
И втор меч по ред Митровски се запишува во листата на стрелците за Вараждин, овој пат во ремито (3-3) на гостински терен против Локомотива Загреб.
Македонскиот напаѓач го отвори резултатот уште во 19. минута, мајсторски дочекувајќи еден „отпадок“ на 20 метри па со волеј-удар од прва стрелајќи во противничката мрежа. Одигра 75 минути на натпреварот на кој потоа имаше уште пет погодоци…
— 123 (@tk9fcjZiRBu1nKN) August 4, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

