Фудбалските клубови во Македонија денеска и утре ќе ги одиграат последните контролни натпревари пред пролетниот дел од сезоната во домашните шампионати.
Во дуелот меѓу два прволигаши Гостивар беше подобар од Тиквеш со 3-1. Стрелци на головите за гостиварци беа Јонус, Атимвен и Кировски. Единствениот погодок за кавадарчани го постигна Даноски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА