Брегалница ја засилува одбраната со Србинот Филиповиќ

Штипска Брегалница за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига ќе ја засили дефанзивната линија со српскиот интернационалец Стефан Филиповиќ.

29-годишниот Филиповиќ во Брегалница доаѓа од редовите на литвански Ритериаи.

Претходно, Филиповиќ во својата кариера има настапувано и за српските Рад, ИМТ, Бежанија, Раднички и Спартак Суботица.

Се вчитува...