Брера го промовираше и Илјаз Чилјафи како свое засилување за пролетниот дел од сезоната (ФОТО)

АП Брера од струмица се засили и со 25-годишниот Илјаз Чилјафи за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Чилјафи игра на позицијата лево крило а во Брера доаѓа од второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш, каде одигра одлични партии во есенската полуетапа на второлигашкото натпреварување. Илјази во својата кариера има настапувано и за Шкендија, Струга ТЛ, Гостивар, Тетекс и Воска Спорт.

„Ми преставува вистинско задоволство што ќе бидам дел од тимот на Брера Струмица, клуб кој го сврте вниманието на фудбалската јавност во земјава и пошироко. Добро сум прифатен во тимот и веќе се приклучив во тренажниот процес на струмичани. Се надевам дека ќе добијам шанса за да ги покажам своите квалитети и дека како тим ќе ја исполниме зацртната цел а тоа е место погоре на прволигашката табела“ – изјави Чилјафи.

Струмичани предводени од стратегот Бојан Круљ ги одработуваат последните тренинзи пред стартот на пролетните мечеви викендов. АП Брера пролетта ја почнува со дуелот против екипата на Силекс во Кратово.

Се вчитува...