Работнички се засили со Сефа Кахраман и Али Регба

Левиот бек Сефа Кахраман и напаѓачот Али Регба се нови фудбалери на Работнички.

Кахраман е германски интернационалец кој има и турски пасош, и во работнички доаѓа како слободен играч. Последен клуб му бил Усак Спор, а настапувал во пониските лиги на Германија, во тимот на Те Бе Берлин, Берлинер и вториот тим на Вердер Бремен. Има настапи и во младинските категории на Вердер, и на Те Бе.

Али Регба е од Алжир. Мината година играше во Белуиздад од Алжир, а во минатото беше дел од младинскиот тим на Лестер Сити. Играше и за Бохемијанс од Ирска. Инаку Регба веќе некое време тренира со „романтичарите“, а сега дојде до негова официјализација.

Се вчитува...