Работнички цел преоден рок чекаше, па во еден ден промовираше тројца фудбалери

Иако многумина очекуваа Работнички добро да се засили оваа зима и да тргне во напад кон Европа во пролетниот дел, со оглед дека клубот доби нови сопственици, „романтичарите“ дури денеска ги промовираа своите нови имиња за вториот дел од сезоната.

Работнички ги помина подготовките во Охрид и во Хрватска, а денеска претстави три нови имиња. Станува збор за левиот бек Сефа Кахраман, напаѓачот Али Регба, а нов член е и Емре Кадри.

Кадри е македонски фудбалер кој има 19 години, и игра на позицијата десен бек. Настапувал за младиот тим на Адана Демирспор, и доаѓа во Работнички како слободен агент.

Се вчитува...