ПОВТОРНО ПРВА ЛИГА: Гостивар и Вардар под „палка“ на нови тренери по први пролетни бодови!

Со пресметката меѓу Гостивар и Вардар денеска во Гостивар стартува пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Дуел на два клуба кои и тоа како атакуваат на бодовите, и покрај тоа што сосема е јасно дека Гостивар ја носи фаворитската улога. Гостиварци, предводени од новиот тренер Исмаил Аталан посакуваат победа, посебно ако се знае дека цели 11 едноподруго натпревари во првенството не знаат за пораз, со серија која трае од 17. септември кога загубија од Македонија ЃП.

Но, Вардар кого го чека тешка битка за опстанок, сега воден од Горазд Михајлов неизбежно мора да мисли на позитивни резултати. Бодовите се повеќе од неопходни, а почетокот на вториот дел од сезоната е најдобар момент да се демонстрира желбата на најтрофејниот македонски клуб за останување во елитното друштво.

Останатите натпревари од првото пролетно коло се играат утре, исто така со почеток од 14 часот.

ПРВА ЛИГА – 19. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Гостивар: ГОСТИВАР – ВАРДАР
УТРЕ (14 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
Кратово: СИЛЕКС – АП БРЕРА
Скопје: ШКУПИ – ВОСКА СПОРТ
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ

Се вчитува...