Колин Андерсон: Секој поединечно од нас мора да даде максимум, за Брегалница да оди напред оваа пролет

Брегалница утре против Тиквеш на Градскиот стадион во Штип ги стартува своите натпревари од пролетниот дел во Првата македонска фудбалска лига.

Јасно е дека штипјани ги чека тешка битка за опстанок во елитата, но сите во таборот на „сините“ се крајни оптимисти дека Брегалница ќе умее да се избори со предизвикот затоа што има квалитетен тим кој знае да се надигрува со најдобрите.

„Најпрво, мора да останеме присебни, секој поединечно мора да се бори и да дава се од себе, а со самото тоа сигурно ќе се движиме само нагоре на првенствената табела“ – вели офанзивецот на Брегалница, Колин Андерсон од кого се очекуваат голови оваа пролет.

„Како индивидуалец, преземам целосна одговорност за ефикасноста. Ќе дадам се од себе да ја продолжам серијата и да стрелам во секое коло“.

Брегалница утре стартува против Тиквеш…

„Важен натпревар за нас. Но, очекувам позитивната резултатската серија од подготовките да ја продолжиме и во првенството и да извојуваме победа“ – вели Колин Андерсон.

Се вчитува...