ВИДЕО: Засилувањето Гронер експресно со деби-гол за Шкупи: Чаирчани по само 5 минути поведоа со Воска

Шкупи експресно дојде до предност против Воска Спорт на првиот пролетен натпревар, на стартот од вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

На дуелот кој се игра на стадионот во Чаир, Шкупи до предност дојде уште во 5. минута со голот на зимското засилување, 22-годишниот норвешки напаѓач Емануел Гронер кој пристигна од Сонгдал.

Чаирчани мајсторски реализираа контранапад кој луцидно, откако го мина и противничкиот голман, го заокружи Гронер за 1-0.

Се вчитува...