Врвен ракомет во следните четири дена: Се делат последните шест билети за ОИ во Париз

Од денеска па се до недела очите на ракометната јавност ќе бидат свртени кон Хановер, Гранолјерс и Татабања, кои ќе бидат домаќини на трите квалификациски турнири на кои ќе бидат поделени последните шест билети за Олимписките Игри што летово ќе се одржат во Париз.

Германците ќе ја отворат оваа предолимписка програма со дуелот против Алжир на кој се апсолутни фаворити, а дел од оваа група се уште и Хрватска и Австрија, кои во меѓусебна пресметка вечерва ќе имаат можност за џиновски чекор кон билет за Париз. За Хрватска ова ќе биде деби на новиот селектор Дагур Сигурдсон, и тоа против незгодните Австријци кои беа меѓу најпријатните изненадување на последното европско првенство што се одржа во Германија.

Унгарија ја има улогата на домаќин на турнирот во Татабања, Унгарците на стартот ќе се сретнат со Тунис, а дел од оваа група се уште и Португалија и Норвешка.

Шпанците по фијаското на ЕП 2024 се надеваат на рехабилитација на овој предолимписки турнир во Гранолјерс, каде „црвената фурија“ отвора со дуел со аутсајдерот Бахреин, а против себе ќе ги има уште и селекциите на Словенија и на Бразил.

ТУРНИР ГЕРМАНИЈА

17:45  Германија – Алжир

20:15  Хрватска – Австрија

ТУРНИР УНГАРИЈА

18:30  Португалија – Норвешка

21:00  Унгарија – Тунис

ТУРНИР ШПАНИЈА

18:30  Шпанија – Бахреин

21:00  Словенија – Бразил

Се вчитува...