Филип Миркуловски веќе подолг период е дел од Вецлар, тој најпрвин ја заврши играчката, а потоа и ја почна тренерската кариера во овој клуб, а добрата работа на Македонецот денеска беше наградена со нов договор од раководството на овој бундеслигаш.
Миркуловски е прв асистент во стручниот штаб, во моментите кога се вршеа тренерски смени тој го водеше клубот заедно со спортскиот директор Јасмин Чамџиќ, а квалитетната работа и професионализмот беа главна причина да му биде понудено продолжување на соработката, најмалку на уште една година.
„Во Вецлар се чувствувам како дома, во овој клуб сум речиси девет години. Соработката со тренерот Франк Карстенс е беспрекордна, имаме јасни задолженија и јас имам задачи повеќе да се фокусирам на тактиката во нападот.Се чувстувам многу комфорно во оваа улога и среќен сум што се поправивме малку по малку во нападот сезонава“, изјави Миркуловски по потписот на новиот договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА