Второ издание на Илинден куп од 13-15 септември

Од 13 септември почнува второто издание на Илинден Куп, во кој организатор е фудбалската школа Грозаданоски. Се игра на терените на Општина Илинден, а учествуваат екипи од 8 земји од Европа и Австралија (Македонија, Албанија, Србија, Бугарија, Белгија, Австралија, Англија и Романија).

Учествуваат 159 екипи во 6 возрасни генерации од 8 до 13 години(43 странски екипи и 116 македонски екипи).

Големи екипи кои учествуваат се Андерлехт, Црвена Звезда, Партизан, Вардар, ЦСКА Софија, Ботев Пловдив, Шкендија, Шкупи, Пелистер, Раднички Ниш, Скендербеу. Генерален покровител е општина Илинден.

Порталот ЕКИПА е еден од медиумските спонзори на турнирот.

Се вчитува...