Мојсов за лошиот почеток на сезоната: Мал пад не ме плаши, ме мотивира

Тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов се огласи на социјалните мрежи по серијата на лоши резултати на кавадаречкиот клуб на стартот на сезоната.

Мојсов кој веќе неколку години со успех го предводи клубот од Кавадарци, а минатата сезона го доживеа и најголемиот успех во историјата, освојувајќи го Купот на Македонија вели дека не се откажува од предизвиците.

„Цели две години го составувам овој тим, малку знаат колку пот и труд имам вложено во денешниов мој и ваш Тиквеш. За две години направен победнички менталитет, за прв пат титула, за прв пат излез во Европа, две години на секој натпревар се оди на победа и гол повеќе, на доминација во игра и така ќе биде се додека сум тренер. Мал пад не ме плаши, ме мотивира и ме храни за да бидам на врвот. Таму ми е храната, таму ќе биде и Тивкеш. Долга е нивата за орање“, стои во објавата на Мојсов.

Тиквеш по пет одиграни кола се наоѓа на 10. позиција на табелата со една победа, едно реми и три порази.

Се вчитува...