Циркус без граници во Турција: Сега Мурињо го тужи Галатасарај

Со Жозе Мурињо никогаш не е здодевно, сведоци на тоа се сите вклучени во турскиот фудбал откако „специјалниот“ минатото лето ја прифати понудата да седне на клупата на Фенербахче.

Тој во последните месеци брутално ги напаѓа челниците на турскиот фудбалски сојуз поради помошта што наводно ја добива вечниот ривал Галатасарај во трката за титулата, а циркусот продолжи и по големото дерби меѓу двата гиганта што заврши без победник, 0-0, исход што повеќе му одговара на тимот на Галата.

Раководството на Галатасарај го обвини Мурињо за расизам најавувајќи и тужба по неговите коментари дека „фудбалерите на Галата скокале како мајмуни на дербито“. Тие најави не се реализираа, но затоа денеска Жозе Мурињо и официјално поднесе тужба против Галатасарај.

Како што информираат турските медиуми, Мурињо навел „повреда на лични права“ како причина за тужбата, а интересно е што Португалецот за отштета бара 1.907.000 лири (околу 50.000 евра), симболична сума во знакот на бројот 1907, годината на основање на Фенербахче.

Се вчитува...