Шкотскиот фудбалер Енди Робертсон наскоро би можел да биде претставен како нов играч на Атлетико Мадрид.
„Јорганџиите“ сериозно загризаа за 31-годишникот, откако стана јасно дека нема никаква врска со враќањето на Тео Хернандез дома.
Во Ливерпул се обидуваат со сите сили да го задржат својот дефанзивец и покрај претстојното доаѓање на Милош Керкез, но…
Со само една година до крајот на неговиот тековен договор, Робертсон ќе биде лесна мета за Атлетико. Според англиските меидуми, Ливерпул ќе бара само пет милиони фунти.
Тоа е двојно помалку отколку што добија за Трент Александар-Арнолд, кој имаше само еден месец до крајот на договорот. Сепак, желбата на челниците на Реал да го имаат на располагање за Светското првенство беше силна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

