Откако не успеа да ја продолжи соработката со Милан, Кајл Вокер се враќа во Премиерлигата. Неговиот нов тим ќе биде Евертон, со кого договори едногодишна соработка, објавуваат англиските медиуми.
Двата клуба не се договорени дали ќе биде позајмица на една сезона, па можен откуп, или директен откуп по цена од 12 милиони евра.
Фулам исто така беше заинтересиран за десниот бек, но на крајот тимот од Лондон не можеше да ги исполни финансиските барања на самиот играч.
Вокер има 96 настапи за Англија. И новиот селектор Томас Тухел верува во него, па играше и против Сенегал во пријателскиот меч. Тој натпревар Англија го загуби со 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

