Слаб фудбал и здодевно реми: Кобел ја спаси Борусија Дортмунд од пораз

Денешниот ден од клупскиот мундијал во САД почна со уште еден потпросечен натпревар во кој Борусија Дортмунд и Флуминенсе ги поделија бодовите играјќи 0-0.

Стануваше збор за дуел во кој „милионерите“ од Дортмунд ја имаа улогата на благи фаворити, што избраниците на Нико Ковач не успеаја да ја потврдат и на теренот. Навивачите на стадионот немаа можност да проследат премногу возбудувања во двата шеснаесетника, а најголемата шанса ја пропуштија Бразилците кога Кобел најпрвин го запре опасниот удар од работ на шеснаесетникот, а потоа голманот на Борусија Дортмунд имаше и маестрална интервенција по одбиената топка, спречувајќи сигурен гол од пет метри на противничкиот тим.

„Милионерите“ се мачеа да искреираат нешто во противничкиот шеснаесетник, па тренерот Ковач и неговите избраници можат на крајот да бидат и задоволни што освоија барем еден бод, со што имаат сосема реални шанси за пласман во следната фаза.

Во вториот натпревар од оваа група силите ќе ги одмерат Мамелоди од Јужна Африка и корејскиот претставник Улсан.

Се вчитува...