Проектот светско клупско првенство да се одржува во САД се чини дека е целосно фијаско, откако трибините на големите стадиони низ Америка се празни. Повеќе нема отколку што има публика на трибините, а за целосното фијаско говори и еден официјален податок.
Вчерашниот меч помеѓу Улсан и Мамелоди Сандовнс на стадионот во Орландо го следеле само 3.412 гледачи. Ова е според официјалниот извештај, што е доказ дека овој проект на почетокот не ги дава посакуваните резултати, барем кога станува збор за публиката.
ФИФА дури нудеше и популарни цени на билетите, односно по 3-4 долари, меѓутоа ниту тоа не е „мамка“ за публиката да доаѓа на стадионите и да ги гледа најдобрите светски клубови во моментов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

