Дерби на стартот на Премиерлигата: Манчестер Јунајтед против Арсенал уште во првото коло

Најсилното фудбалско првенство во Светот, англиската Премиерлига стартува на 15. август со натпреварот помеѓу шампионот Ливерпул и Борнмут, меч кој ќе се игра на „Енфилд“.

Ждрепката сакаше веднаш во првото коло да се одигра дерби на „Олд Трафорд“, каде домашниот тим Манчестер Јунајтед ќе го пречека вицепрвакот Арсенал. Од Манчестер Јунајтед оваа сезона се очекува многу, по „фијаското“ минатата сезона во која Јунајтед беше поблиску до испаѓање, отколку до титула.

Манчестер Сити во првото коло гостува кај Вулверхемптон, додека Тотенхем на домашен терен игра против Барнли.

Се вчитува...