Португалецот Серџо Консеисао е во преговори со Ал Наср за преземање на функцијата тренер на тој клуб.
Наср на крајот на сезоната го напушти Италијанецот Стефано Пиоли кој ја презеде Фиорентина.
Сега на клупата на тимот може да седне уште еден поранешен тренер на Милан, Консеисао, кој со „росонерите“ го освои италијанскиот Суперкуп во претходната сезона, но доби отказ по поразот во финалето на Купот и лошиот пласман во Серија А.
Сега му се нуди договор во Наср до 2027 година, со можност за продолжување на уште една сезона. Консеисао во својата тренерска кариера ги водеше Порто, Нант, Виторија Гимараеш, Брага и Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

