Фудбалерите на Реал Мадрид ремизираа 1-1 против Ал Хилал во натпревар од 1. коло од групата Х на Светското клупско првенство.
Првиот гол за „кралевите“ во ерата на Чаби Алонсо го постигна фудбалерот од школата на Реал Мадрид Гонзало Гарсија (1-0) во 34. минута.
Тимот од Саудиска Арабија израмни на 1-1 преку Рубен Невеш од пенал во 41. минута.
Реал Мадрид доби пенал во 92. минута, но не успеа да го реализира Федерико Валверде.
Да напоменеме дека поради болест на овој меч не настапи најдобриот фудбалер на најтрофејниот европски тим, Килијан Мбапе, а своето деби го имаше Трент Александер Арнолд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

