Моќниот Јувентус со „петарда“ на стартот

Јувентус импресивно го стартуваше настапот на клупскиот мундијал откако „старата дама“ рано утрово го декласираше составот на Ал Аин со убедливи 5-0.

Игор Тудор се реши да му даде предност на Коло Муани пред Влаховиќ, а Французинот на најдобар можен начин ја оправда довербата, постигнувајќи два гола уште во првото полувреме. Целиот меч беше решен токму во првите 45 минути во кои „старата дама“ поведе со 4-0. Коло Муани ја отвори серијата голови, потоа прецизно стрелаа и Консеисао и Јилдиз, пред Коло Муани во судиското продолжение да зголеми на 4-0.

Победникот беше решен, па второто полувреме се одигра во послабо темпо во кое Јуве сепак успеа да постигне уште еден гол, втор за Консеисао на натпреварот.

Претходно, австриски Салцбург го почна настапот на овој клупски мундијал со триумф над Пачука од Мексико од 2-1. Салцбург прв поведе преку Глук во 42. минута, Мексиканците израмнија на стартот на второто ополувреме преку Гонзалез, а победата на австрискиот тим му ја донесе Анисино во 76. минута од натпреварот.

Се вчитува...