Наполи го посакува Дарвин Нуњез

По спектакуларното доаѓање на Кевин де Брујне, Наполи сака уште еден играч од Премиер лигата.

Антонио Конте е познат по тоа што ги „оживува“ кариерите на играчите од најсилната европска лига, а сега го посакува и Дарвин Нуњез.

Конте во Наполи го донесе Ромелу Лукаку, кој исто така имаше слаба сезона пред оваа, но сепак најде „нешто“ во него. Најдобар пример за тоа е како Конте го препороди Скот Мектоминај, кој практично е најзаслужниот што Наполи освои ново Скудето.

Се вчитува...